Иако имаат шест деца и успешна кариера, Анџелина Џоли и Бред Пит секогаш наоѓаат време за себе.
Познатиот холивудски пар Џоли и Пит се видени во Австралија каде познатата актерка снима нов филм ‘Unbroken’.
Парот одлучил да посвети некое време еден на друг, па нивните деца ги оставиле дома, а тие отишле на романтична вечера во еден познат морски ресторан.
Иако се надевале дека тоа време ќе биде резервирано за нив двајца, толпа народ почнале да ги следат, мафтајќи и фотографирајќи ги, но тоа воопшто не им сметало на заљубениот пар.