Шест минути 2013-та

Декември е месец на потсетување на сите интересни работи кои ја одбележаа годината која што изминува.

Во конкретниов случај се работи за музичка компалација од   68-те најдобри песни за 2013 година кои што во изминатите месеци биле дел од главните топ листи на “Billboard”. Така, во музичкото видео се појавуваат Бруно Марс, Мајли Сајрус, Робин Тике, Селена Гомез, Тејлор Свифт, Лорде и Авичи, па дури и заразните хитови “The Harlem Shake” и “What Does the Fox Say?”.

Видеото е дело на Даниел Ким, чија што компилација за 2012 година лани забележа голем успех и повеќе од 44 прегледи на интернет сервисот Јутуб.

Прочитајте и:  35. Jam Session во Лабораториум, каде што се свири музика што се уште ја нема на Shazam
- Реклама -