Симулација на иконски постери од култни филмови, телевизиски серии, уметнички дела и музички легенди, сите соединети во едно едноставно видео кое трае само 50-на секунди.
Генијалниот клип беше снимен од страна на рекламната компанија Gray, со цел да ја промовира културната рубрика на UK’s Sunday Times, а соединува шест легендарни „моменти“ од светот на културата и уметноста.
Ќе можете да ги распознаете филмските остварувања Mad Men, Forrest Gump, Reservoir Dogs, потоа музичкото дуо Duft Punk, делото на Микеланџело – The Creation of Adam и скулптурата Мислителот.
Доколку ви изгледа невозможен фактот дека ова видео е направено во еден здив, еве и приказ на тоа како се одвивало снимањето.