Иако беа секогаш посочувани како еден од најстабилните парови во музичката историја, сепак, после речиси три децении брак, излезе на површина дека повеќе меѓу Шерон (60) и Ози Озборн (64) не цветаат рози.
Имено, според последните информации, двојката се разделила. Дуото кое никогаш не го криеше фактот дека има бурна врска, наводно се иселил од заедничката вила и секој си заминал за различна страна.
Според пишувањата на странските медиуми, тие двајцата воопшто не разговарале три недели, по што Шерон се пријавила во хотел, а Ози живее во изнајмен стан.
Шерон и Ози се запознале кога таа имаше 18 години преку нејзиниот татко кој беше менаџер на бендот на Ози „Black Sabbath”.
Кога тој беше исфрлен од групата во 1979 година, започна врска со Шерон која стана негова менаџерка. Се венчаа три години подоцна и имаат две деца: синот Џејк и ќерката Кели.