Шер: Том Круз беше жив оган во креветот!

Познатата поп-пејачка Шер призна дека Том Круз бил еден од најдобрите пет љубовници во нејзиниот живот. Познатата американска пејачка и актерка при гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ му признала на водителот Енди Коен дека Том Круз дека е еден од најдобрите љубовници кои некогаш ги имала.

На прашањето за нејзиниот љубовен живот, односно за тоа кој и бил најдобар љубовник, пејачката не можела да се одлучи за тоа на кого да му го предаде почесното прво место, но изјавила дека Том Круз е секако на таа листа и дека е меѓу првите 5. Шер и Том Круз се забавуваа во текот на 80-те години.

„Тоа не е толку долг список со мажи со кои сум била, но е навистина квалитетен. Врската со Том беше страствена, но истовремено и напорна. Тој е супер момче“ изјавила Шер во шоуто.

На провокативното прашање на водителот дали таа била во врска со жена, Шер само одговорила: „О боже па кој не бил!“

- Реклама -