Во разигран и сладок визуелен стил, австралиската уметница Тања Шулц создава прекрасни дела, кои претставуваат само сегменти од нејзиниот огромен „шеќерен кат“. Имено, нејзината уметност не само што изгледа слатко, туку и навистина е слатка. Тања (која започнала да ги креира овие дела со помош на Никол Андријевиќ, но подоцна се разделиле), за изработката употребува разни бомбони, шеќери, играчки и други ултра-шарени материјали. Резултатот е магичен шеќерен свет.