Шефот на Формула 1 тимот ја оставил жената и ќерката поради неа

Дури откако се разведе од поранешната сопруга, признаа дека се заедно.
Гери Халивел и Кристијан Хорнер се познаваат уште од 2009 година, но до сега само се шпекулираше дека се заљубени. Двојката неодамна била видена во Лондон како се држат за раце, додека овие денови пред сите признаа дека се во врска.

Screenshot_13

Поранешната Спајс девојка „падна“ на првиот човек на Infiniti Red Bull во Формула 1. Мирор пренесува информации од извор кој тврди дека пејачката го шармирала Хорнер.

– Гери и Кристијан се согласуваат многу добро и имаат многу заеднички работи, изјавил изворот.

Screenshot_11

Гери до сега била поврзувана со голем број мажи, а Кристијан неодамна се разведе од сопругата Беверли Ален со која има ќерка Оливија. По разводот целосно потврдија дека се во врска.

Screenshot_15

- Реклама -