Потребни состојки:
За тестото:
9 јајца,
2 кисели павлаки,
9 лажици брашно,
1 кесичка прашок за пециво,
сол.
За фил:
400 мл павлака,
400 гр мајонез,
малку краставици,
2-3 варени јајца,
50 гр пршута или врат,
50 гр шунка,
150 гр фета сирење,
300 грама кашкавал
кечап
Подготовка:
За тестото изматете ги белките со малку сол , додадете жолчки, брашно и павлака и поделете на три дела. Едниот се пече жолт, а во другите два се става малку сецкан и обарен спанаќ и се пече на 200 степени во плех од рерна.
За филот промешајте павлака и мајонез и поделете на три дела. Во еден дел додадете сецкани краставици, јајца и половина изрендан кашкавал. Во вториот ставете пршута и малку рендано сирење. Во третиот ставете шунка и малку кечап.
Наредете ја зелената кора, па првиот фил, жолтата па вториот фил, зелената кора па третиот фил и најгоре изрендајте од кашкавалот.