„Не може да биде подобро. Природа, луѓе, среќа“, напиша Шарапова на социјалните мрежи.
Тенисерката Марија Шарапова веќе со денови ужива во убавините на црногорското приморје, и таа е фасцинирана од Которскиот залив. Таа на Инстаграм објави фотографија од јахтата со која ги посети островите во близина на Пераст.
Според изборите на „Blic“, Шарапова е толку многу фасцинирана од заливот, што веќе има во план да купи куќа покрај брегот.
– Крстарејќи по заливот, таа е воодушевена од архитектурата, па веќе контактираше со агенциите каде се распраша дали некоја вила се продава. Таа би сакала почесто да доаѓа овде бидејќи не можеше да верува дека Црна Гора е толку убава. Дојде по инсистирање на Новак Ѓоковиќ, и имаше план да остане три-четори дена, но бидејќи се заљуби во црногорското приморје, одлучи да го продложи својот престој- вели извор.
Марија пристигна на Свети Стефан во петокот во раните утрински часови, а веќе следниот ден ги информираше своите обожаватели на Инстаграм дека ужива во боженственото зајдисонце.