Откако вчера објави фотографија од нозете на бебето, денеска Шакира ги израдува фановите со фотографија од ликот на малиот Саша.
„ Ги има нозете на својот татко. Мислам дека ќе игра фудбал во текот на целиот живот “, напиша среќната мајка под сликата.
За неколку часа новата фотографија собра над 17 000 коментари и седум илјади споделувања.
37-годишната пејачка Шакира го роди својот втор син на 30 јануари оваа година.