Една од најголемите ѕвезди на светската музичка сцена – жешката колумбијка Шакира, е бремена со своето второ дете од шпанскиот фудбалер Жерар Пике.
За бременоста се ширеа гласини веќе некое време. Пејачката конечно ги потврди гласините во интервју за латиноамериканското издание на списанието „Космополитен”.
„Вистина е да, бремена сум”, објави ѕвездата.
Гласините почнаа минатиот месец, кога пејачката се појави со не толку рамен стомак на затворањето на Светското фудбалско во Бразил.
37-годишната пејачка задржи во тајност во кој месец од бременоста е. Првото нејзиното дете, Милан има малку повеќе од една година и половина.
Шакира и 27-годишниот Пике се запознаа за време на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Двајцата ја официјализираа врската на почетокот на 2011 година