Шакира откри како нејзиниот позната хит песна ‘Hips don’t lie’ го добила името и која е тајната за успешна врска со Жерар Пике.
Познатата пејачка Шакира откри за списанието Women’s Health детали кои можеби не сте ги знаеле за неа.
„Мислам дека треба да се оддржува страста во врската: многу смеа и забавни заеднички моменти. Исто така, треба да се биде компатибилен, двајцата треба да сакаат врската да успее. Моментално сум многу среќна во мојот живот. Се чини дека и двајцата сакаме исти работи и тоа ми е многу важно“, рекла убавата Шакира.
Пејачката ја откри и тајната која и помогнала нејзината линија да сјае набргу по раѓањето.
„Се обидувам да се хранам здраво и да вежбам многу. Не одам само во теретана бидејќи брзо се уморувам од вежбите. Затоа решив да се занимавам со спорт бидејќи е многу позабавно отколку тренинг во теретана, а ефектот е ист. Возам ролери, играм кошарка, тенис и пливам. Секој ден правам нешто различно, а досега ми се допаѓа“, објаснила Шакира.
Набргу по раѓањето морала да почне да работи но тоа не ја спречи да биде во улогата на мајка. Нејзиниот син Милан имаше само два месеци кога прв пат се возеше со авион.
„Сакам да бидам во движење и да пробувам нови работи и различни спортови. Тоа ми помага да се вратам во форма“, додава таа.
Откри и како песната ‘Hips don’t lie’ го добила името.
„Кога сум во студио и кога ми кажуваат дека песната е подготвена јас морам прво да ја слушнам. И ако колковите почнат да се движат во ритамот на музиката тогаш знам дека е подготвена за јавноста. Затоа им кажав на луѓето во студиото: „’Моите колкови не лажат’, ако се мрдаат значи дека работата е подготвена!. И така беше направен насловот на песната.“, изјавила Шакира.