Северина носи исти гаќи четири години

Кожните гаќи и мрежастите чорапи станаа вистински фетиш на хрватската поп ѕвезда.

Дождот не ја спречи пејачката Северина Вучковиќ, пред неколку илјади луѓе да одржи концерт во една дискотека во Будва. Пејачката уште еднаш покажа дека ја обожава сценската гардероба во стилот садо-мазо. Севе веќе четири години не ги симнува кожните гаќи и мрежастите хулахопки, што на последниот настап и помогнаа покрај заводливиот танц, да ја држи публиката будна до четири часот наутро.

655125_zab-seve-bd-331_ff

Северина за прв пат ги облече овие гаќички во 2011 година на фестивалот „Дора“, а потоа следуваше пауза до крајот на 2014 година. Тогаш, веројатно чистејќи го ормарот, таа ги пронајде повторно своите кожни гаќички и започна да ги носи на бројни ТВ емисии, а особено ги прослави на хит спотот „Уно моменто“. За истиот стајлинг се одлучи и за време на концертот во Будва.

- Реклама -