Ким Кардашијан во февруари прослави 27 милиони следбеници на Инстаграм со „селфи“ на кое нејзиниот задник е во прв план, а сега неа ја ископира нејзината помлада сестра Кендал Џенер.
Успешната манекенка (19) која сега има речиси 35 следбеници на оваа социјална мрежа се пофали со фотографија која многу потсетува на онаа пред неколку месеци на нејзината позната сестра.
Двете се во слични пози, лежат на кревет и се оскудно облечени, со главата потпрена на раката, а задниците им се во прв план. Ваквите фотографии популарно се наречени „белфи“, а токму Ким беше онаа која го популаризираше овој тренд на интернет.
Кендал се повеќе се заканува дека ќе ја превземе нејзината титула на најпопуларна ѕвезда на социјалните мрежи. Така, неодамна таа беше прогласена за сопственичка за најлајкуваната слика на интернет, која претходно и припаѓаше на Ким.