Сестрите Ким и Клои Кардашиан речиси се натпреваруваат за популарноста и насловните страни, па така и двете објавија провокативни фотографии од семејниот одмор во Тајланд.
Помладата сестра Кардашиан се фотографирала во едноставен костум за капење кој ги истакнува нејзините облини.
Со капетанска морнарска капа на глава и заводливиот поглед, покажа кој е главен на одморот.
Сепак, Ким која можеби е најпознатата старлета на светот, ништо не оставила на случајноста.
Како што неодамна по раѓањето ја врати својата линија, едвај чекаше да ја покаже во тесни костуми за капење.
Како и нејзината помлада сестра, позирала пред фотоапаратите во малку попровокативна поза.
Се разбира, фотографиите се објавени на социјалните мрежи. Ким не сакала само да се натпреварува со својата сестра, туку, исто така сакала да ги покаже скапите уникатни бикини кои ги купила за овој егзотичен одмор.