Секојдневното гледање серии може да ви ја уништи врската

Шпански, Турски, потоа Индиски и какви уште не серии кои со задоволство ги чекате уште од почетокот на денот, можат да ви ја уништат врската, а многу млади брачни парови биле доведени дури и пред развод. Зошто?

Сите знаеме дека љубовта и романсата во филмовите е далеку поразлична од онаа во реалноста. Според експрертите, жените, кои постојано ги следи сериите кои претежно вртат слична тематика, во потсвеста ја искривуваат вистината за љубовта и романсата. Тие доаѓаат до заклучок дека не се среќни во љубовта и дека нивниот партнер многу малку вложува во нивната љубов и поради тоа често доаѓа до крај на врската или полошо, на бракот.

Научниците предупредуваат дека овие серии се причина за сѐ поголемиот број разводи, бидејќи гледаноста на сериите е сѐ поголема и поголема. Тие предупредуваат дека телевизиите треба да преземат нешто против овој тренд, односно да го намалат бројот на ваквите серии кои можат штетно да влијаат врз луѓето.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -