Ештон Кучер во поддршка на својата фамилија, на саканата Мила и поклонил веренички прстен на нејзниот тресетти роденден. Ѕвездата на серијалот „Два и пол мажи“, Ештон Кучер и Мила Кунис се во врска од пролетта 2012 година, па наводно актерот ја запросил на нејзиниот роденден.
Имено, неименуван извор изјавил дека славниот пар е свршен уште летово на роденденот на Мила Кунис.
Сепак, тие почекале за објавување на веста поради разводот на Ештон со Деми, а веќе ништо не им стои на патот.
Ештон (35) се разведе од Деми Мур (51) по шест години брак. Разводот официјално заврши минатата недела, две години откако парот објави дека меѓу нив е готово. Се шпекулираше дека причина за тоа била несогласување околу поделбата на финансиите стекнати за време на бракот.
Откако беше објавено дека разводот е финализиран, Мила беше фотографирана со веренички прстен на раката, па така поттикна бројни гласнини.
Ештон и Мила за прв пат се запознале на снимањето на серијата „Луди 70-ти“, каде девет години го толкувале парот Џеки и Келсо.