Во истрагата која е покрената поради поседување на дрога во куќата на Џастин Бибер, дошло до пресврт.
Во неодамнешниот ‘egg gate’ инцидент за време кога Џастин Бибер е пријавен во полиција затоа што фрлал јајца на куќата на соседот и предизвика околу 20.000 долари штета, полицијата во неговата куќа наводно пронашла и дрога. Но, потпаролот на полицијата на Лос Анџелес ги оспори сите наводи врзани за наведувањето дека „за време на нападот минатата недела не пронашле никаква дрога во куќата на Бибер“, пишува DailuMali.
Предходни извори тврделе дека во куќата на пејачот биле пронајдени „големи тегли полни со марихуана и три бонга“.
Потсетуваме, во првата рација на куќата додека полицајците го барале видеото кое би можело да ги открие деталите за предходниот инцидент, беше уапсен пријател на пејачот Хавиер Смит, попознат како раперот Лил За, за поседување на дрога.
Бибер поради целата ситуација му се закани и депортација во неговата родна Канада, но се чини дека него целата ситуација не го загрижува многу затоа што само по неколку дена по инцидентот, одлично си поминува со пријателите. 19-годишниот пејач од патувањето во Аспен има објавено фотографии на Инстаграм профилот.