Сепак не е касно: Искористете го стариот и исушен леб!

Колку пати ви се случило да купите леб, сте изеле едвај половина а остатокот се исушил па сте биле приморани да го фрлите во канта?

Единствената предност од економската криза е што стануваме свесни во поглед на тоа колку всушност фрламе работи, а колку истите би можеле да ги искористиме ако имаме малку повеќе волја за заштеда.
Една од тие работи е и стариот и сув леб од кој можеме да направиме презли, мусака, брускети, тостови…
Според тоа, ние ви претставуваме неколку совети за што би можеле да направите со бајатиот лебот.

Замрзнете го – Леб кој е стар неколку дена може да стои во замрзнивач до два месеца. Кога ќе ги извадите, попрскајте го со малку вода или масло и загрејте го во рерна.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Презли – Освен тоа што се повкусни и поздрави од купечките, домашните презли се и многу поефтини. Стариот леб печете го во рерна додека целосно не се исуши и зацврсти, а потоа можете да го издробите рачно или во блендер.

P1110591

Мусака – Бајатиот леб може да послужи и како вкусен додаток во главните јадења. Исечете го на парчиња коцки и додајте го во мусака, гулаш, чорби, свежи салати…

Брускети и тостови – Од стариот леб домаќинките најчесто прават вкусни француски тостови, а можете да го искористите како крцкави брускети.

- Реклама -