Сензационално: Пештерските луѓе се дрогирале

Таканаречените шок цртежи на нашите дамнешни претци, не се отсликување на нивната средина, туку халуцинации.

Истражувачите од Универзитетот во Токио ги проучувале пештерските слики од своите краеви и заклучиле дека сликите кои се нацртани во пештерите, имаат многу сличности со сликите што ги цртаат современите луѓе кога се под влијание на опијати.

Како што истакнуваат антрополозите, примитивните луѓе пред духовните ритуали, секогаш јаделе одредени билки кои предизвикувале халуцинации, и потрагата по ваквите билки бил важен дел од нивниот живот. Овие навики и до ден денешен се зачувани кај некои примитивни племиња во Амазон и Нова Гвинеа.

Мозокот на луѓето, според истражувањата, креира шаблони кога е во состојба на изменета свест, а овие исти шаблони се приметуваат во пештерските цртежи на сите континенти.

- Реклама -