Семоќниот фотошоп повторно во акција

Уште еден пример дека со Фотошоп сѐ е можно. Погледнете како на Џенифер Анистон ѝ се избришани неколку години од лицето.

Актерката Џенифер Анистон неодамна стана заштитно лице на линијата производи за нега на коса „Living Proof“. Актерката која има 44 години е уште една „жртва“ на Фотошоп.

living-proof-facebook

На постерите објавени ширум САД, Џенифер е подмладена за неколку години, избришани ѝ се борите од челото, а исто така поправена и е растот на косата косата.

Од козметичката куќа и нејзиниот портпарол не сакале да ги коментираат корекциите кои ги направиле на нејзините фотографии.

- Реклама -