Пред извесно време хрватски медиуми објавија дека пејачот Оливер Драгојевиќ починал, но информацијата за кратко време беше демантирана.
Оваа лажна вест предизвика тага кај сите фанови, но најмногу повредени биле членовите на неговото семејство. Поради тоа, сопственикот на порталот Сплитски дневник, кои всушност ја објавија први оваа информација, испратија јавно извинување до семејството и читателите.
Прва на објавата реагирала сопругата Весна, нагласувајќи дека ако некој е релевантен извор за информации околу Оливер, тогаш тоа е само таа.
Во меѓувреме, повеќе медиуми и новински агенции од Хрватска се обиделе да ја контактираат новинарката која била потпишана под информацијата за наводната смрт, но безуспешно, а на нејзиниот фејсбук-профил веќе не стоела информацијата дека е уредник на Сплитски дневник.