Семејствата на Калина и Александар се искачија на Кајмакчалан

Фотографија: Нова Македонија

Пет месеци по несреќата на Кајмакчалан, членови на семејствата на Калина Велевска и Александар Миновски се искачија на врвот Кајмакчалан, каде двајцата млади планинари трагично го завршија својот живот.

Во текстот објавен во Нова Македонија, напишан токму од таткото на Калина, се наведува дека кобниот 10 февруари бил еден од најлошите денови на планинскиот масив во последниве 25 години.

– Такво невреме не се памети во нашиов крај – им кажал вработен во скијачкиот центар Ворас, кој се обидел да се вклучи во спасувачката акција и потрагата по македонските планинари, чии тела беа извлечени смрзнати утрото на 11 февруари.

Тој им раскажал дека е првпат на Кајмакчалан смртно да настрадаат планинари, иако имало и порано инциденти во кои биле повредени и планинари и скијачи и ловци.

Според пишувањата на новинарот Марјан Велевски, таткото на Калина, дури и во летни услови, Кајмакчалан е маглив и застрашувачки.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

- Реклама -