Официјално: Сем Мендез ќе го режира 24. Џемс Бонд

Сем Мендез ќе го режира 24. филм за британскиот таен агент Џемс Бонд во чија улога повторно ќе го гледаме Даниел Крег. Агентот 007 ќе се врати на големото платно во 2015 година.

„Задоволен сум многу затоа што ми дадода доволно време за подготовка и затоа што продуцентите ми овозможија да го режирам Бонд 24. Многу ми е драго што повторно ќе работам со Даниел Крег, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи по вторпат“, изјавил Мендез.

Оваа вест доаѓа неколку месеци откако режисерот, добитник на Оскар, рече дека нема да снима уште еден филм за тајниот агент.

Daniel Craig

Тој своевремено изјави: „Режирањето на Skyfall беше едно од најдобрите искуства во мојот професионален живот, но јас го имам театарот и други обврски, вклучувајќи го и режирањето на Charlie and the Chocolate Factory и King Lear на кои треба да се посветам наредната година и понатаму“.

Skyfall кој премиерно беше прикажан во ноември минатата година е филм со најголема заработувачка во Велика Британија на сите времиња. На билетарите на кино салите ширум светот заработи 1,1 милијарда долари. Филмот освои два Оскари – еден за најдобра оригинална песна во изведба на Адел и другиот за звучни ефекти.

Вест плус:  Пенелопе Круз е новата Бонд девојка

- Реклама -