Селма Хаек стигна во Белград, ќе снима хорор!

Познатата холивудска актерка Селма Хаек со ќерката Валентина пристигна во Белград и веднаш се упати во студиото на Пинк каде што во текот на наредните пет недели ќе го снима филмот „Everly“ на режисерот Џои Линч.

Латиноамериканската убавица на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречекале од српската продуцентска куќа „Work in Progress“, а како што дознава Телеграф.рс актерката заминала во студиото на Пинк каде што ќе го посети сетот и студиото во кое ќе се екранизира овој хорор филм. Снимањето кое треба да трае пет недели би требало да почне за неколку денови. Сите останати актери освен Селма се Јапонци, а тоа не зачудува со оглед на тоа што филмот е за Јакузите.

http://youtu.be/lPl4si2jLFU

Селма Хаек ќе глуми несреќна жена која е затворена во стан. Во клаустрофобичен амбиент таа ќе се брани од платени убијци што ги испратил нејзиниот поранешен сопруг, инаку шеф на озлогласената јапонска мафија.

1

- Реклама -