Џеки Сигел ја шокираше јавноста која со насмевка на лицето ја сликаше комеморацијата на својата ќерка, која имала само 18 години кога починала.
Ѕвездата на реално шоу (49) не го пуштила мобилниот телефон од раце, кој првично го користела да разговара, а потоа да се слика.
Нејзината ќерка Викторија во неделата беше пронајдена мртва во семејната вила, а со оглед на тоа што долго време се бореше со зависноста, се верува дека се предозирала, но не си го одзела намерно сопствениот живот.
Џеки и нејзиното семејство се прославија во реалното шоу „Кралицата на Версај“, кое ја прикажува изградбата на нивните приватни резиданции, една од најголемите и најскапите семејни куќи во Америка. Мажена е за успешниот бизнисмен Дејвид Сигел, со кого има осум деца.