„Сексипилот нема рок на траење”

Последната кампања на брендот American Apparel успеа да  не импресионира, а веруваме   дека ќе успее да го привлече и вашето внимание. Зошто? Бидејќи е храбра, нестандардна и се коси со правилата  на модната индустрија. Американскиот бренд ја избра,  за рекламно лице на најновата серија долна облека,   62-годишната Џеки О’Шонеси. Убавата  дама учествува во фотосесии за издавачката куќа од 2011 година наваму, но за првпат застанува пред објективите облечена во  секси долна облека.

 

Споменатата модна кампања со наслов „сексапилот нема рок на траење” ги уништува изградените стереотипи во светот на модата, каде што на врвот се младите и болно слаби манекенки. Џеки изгледа прекрасно со својата долга прошарана коса, широка насмевка, но  и здрав изглед на  тело. Таа ги  поттикнува жените да ја прифатат природната убавина, да го прифатат и засакаат својот изглед со своите недостатоци, а не да се стремат да се вклопат во кривите претстави за најубаво, создадени од современата модна индустрија.

- Реклама -