Само две недели пред терминот за породување, 31-годишната Иванка Трамп шета по Њујорк во штикли какви што малку жени во тој период од бременоста би ги носеле.
Дека трудничката облека може да биде тотално шик покажа 31-годишната Иванка Трамп. Ќерката на познатиот милионер, Доналд Трамп, направила одличне избор со облеката во која изгледаше деловно, пристојно и убаво. Иако има уште две недели до породувањето таа нема проблем со носењето високи потпетици.
И додека овој пат се одличи за попристоен фустан, пред неколку дена беше фотографирана во мини здолниште.
Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушер веќе ја имаат ќерката Арабела Роус.