Старлетата Кети Прајс, попозната како Џордан, иако има четири деца го покажа своето извајано тело во бикини.
Иако пред само осум месеци го роди синот Џет, многу брзо ја вратила линијата, на која многу жени можат да завидуваат.
– Го сончам задникот- напишала Кети пред својата фотографија која ја објавила на социјалните мрежи.
Своите фанови ги израдува и фотографијата од поинаков агол на која ги покажува своите раскошни гради и рамен стомак.
Џордан очигледно сака да докаже дека и по четвртото дете и понатаму може да биде секси и да примамува воздушки од мажите.