Светот е во исчекување на најновата ревија на секси долна облека која за прв пат ја менува локацијата!
Victoria’s Secret и понатаму воодушевува, а како да не кога заштитните лица за оваа година се две сески мајки- Адријана Лима и Алесандра Амбросио!
Оваа година гламурозната ревија се одржува во Лондон, а ќе се презентираат две скапоцени парчиња долна облека украсена со накит.
Fantasy Bra, ќе може да се види на лондонската писта 9-ти декември. Минатата година честа да го носи овој луксузен градик ја имаше Кендис Свонпул, а овој пат на ред дојдоа Адријана и Алесандра- градници вредни дури 2 милиони долари!
Fantasy Bra оваа година го дизајнирал талентираниот златар Паскал Моувад чии креации ги воодушевува љубителите на накит и скапоцени камења ширум светот.