Еден од најмасовните трендови кој започна да се пробива уште минатата година, но од ден во ден станува се поприфатен во светот на модата, е гардеробата чиј принт се мотиви од галаксијата. Бескрајната темнина украсена со ѕвезди, планети и небули се чини дека никогаш не успеавала никого да го остави рамнодушен, па сега сета таа восхит се пресликува и на облеката.
Во продавниците низ градов можете да најдете еден тон маички, хеланки, пантолони па дури и костими за капење со сличен принт, па доколку се уште немате, а ви се допаѓаат, лесно можете да најдете парче во ваш вкус. Во меѓувреме, ние ви прикажуваме дел од најновата модна треска која незабележливо го заобиколи светот.