Деновиве се се врти некако околу серијата „Game of Thrones“. Така, популарниот магазин „GQ“ направи фотосесија со Емилија Кларк, актерката која уште од самиот старт се издвои како омилен лик на многумина, од вкупно 97-те карактери во филмот. Откако се појави во улогата на Денерис Таргариен, Емилија веднаш стана новата фантазија на сите мажи ширум светот. Веројатно тоа беше љубов на прв поглед, уште во моментот кога златокосата „Калиси“ се појави не носејќи ништо на себе. Сепак, иако Емилија во реалниот живот изгледа многу поинаку отколку во серијата, таа е еднакво заводлива и убава.