Познатиот актер Роберт Патинсон пристигна на Кан за да го промовира својот нов филм „Maps To The Stars“ во кој сними многу врела сцена…
Тој се прослави како вампир во „Самрак Сага“, но младиот актер докажа дека е врвен актер.
Моментално во Кан на филмскиот фестивал го промовира неговиот нов филм „Maps To The Stars“ во кој снимил прилично секси сцена со познатата актерка Џулијан Мур. Секс сцената на задното седиште во лимузина не му била нешто непознато.
„Тоа беше фантастично искуство, Џулијан беше одлична. Беше многу жешко“, признал Патинсон во својот препознатлив стил.