Секојдневието на една бабичка и нејзината мачка

Пред 12 години, Мијоко Ихара започнала да прави фотографии од нејзината баба Мисао. Еден ден,  таа во визбата пронашла необична мачка со уште понеобични очи. Ја именувала Фукумару (што во превод би значело круг на среќа). Од тој ден па натаму, 87-годишната старица не излегува никаде без нејзиното милениче. Веќе осум години тие се најдобри пријателки.

Во 2011 година, Ихара ја издаде книгата „Големата мама Мисао и мачката Фукумару“, чија приказна беше насликана низ 68 страници.
Во галеријата подолу ви прикажуваме неколку од делата кои сведочат за едно искрено пријателство.

 

- Реклама -