Секоја пролет овој парк во Австрија тоне под вода

За да го прошетате во овој парк, најверојатно, ќе ви требаат подводни очила.

Секоја година еден парк во подножјето на планината Хошваб се претвора во огромен базен, а  сите негови патеки и клупи завршуваат под вода. Не грижете се, вели фотографот Марк Хенауер, тоа не е катаклизма, туку необичен природен феномен, предизвикан од топењето на снегот. Токму тој го зголемува нивото на езерото во текот на пролетта.

Во „сувиот” дел од годината, местото ги има сите карактеристики за еден парк – улички за прошетка, убави цвеќиња,  и тревни ливади. Сето ова постои до моментот во кој што топлата пролет почнува да ги топи снеговите на Хохшваб и  потоците ја преплавуваат оваа територија и ја претвораат во убаво езеро. Тоа достигнува максимална длабочина од 12м. во средината на мај до крајот на јуни, кога е најубаво. Сето тоа се губи под кристалните води кои почнуваат да се намалуваат во јули.

Секоја пролет овој парк се претвора во едно волшебно подводно место

Лоциран до смарагдовите води на Зеленото езеро, овој парк е целогодишна туристичка атракција.

Штом снегот од планината Хохшваб  почне да се топи, восхитувачкиот парк завршува под вода.

Просечното ниво на езерото е само 1-2 метри за површина од 2000 квадратни метри. Во месец мај сепак тоа достигнува длабочина 10-12 и покрива 4.000 квадратни метри.

Според фотографот Марк Хенауер чувството да пливаш меѓу подводен парк е волшебно, а глетката – неверојатна. Тоа е нешто што го нудат исклучиво тропските мориња.

„Под водата се допираме до еден волшебни свет. Сонцето создава фантастични светлосни зраци. Почнувате да мислите дека сонувате и дека секој момент од некаде ќе се појават гоблини”, вели Хенауер.

Овој неверојатен феномен трае само 3-4 недели на пролет. Хенауер тврди дека има поминато 1 недела на местото за да се направат овие фотографии.

- Реклама -