Раперот Канје Вест во понеделникот доби почесна диплома за доктор на науки од Училиштето за уметност во Институтот во Чикаго.
Сопругот на Ким Кардашијан не ја криеше својата среќа кога излезе на сцена, а оваа престижна награда измами насмевка на неговото лице, кое не го гледаме често.
– Јас сум поп уметник. Мојата „боја“ е јавно мислење, а целиот свет е мое „платно“- рече Канје.
Ким Кардашијан не била покрај сопругот бидејќи моментално во Бразил ја промовира својата книга со селфи „Selfish“.
Сепак, на Инстаграм покажа колку е горада на раперот и веќе му се обратила со „д-р Вест“.
– Душо, толку сум горда на тебе. Знам дека и твојата мајка ќе бепе горда!- напишала Ким.
Слушнете го говорот на новопечениот доктор на науки: