Сега е официјално: Ја раскинаа свршувачката

По разните шпекулации, изгледа дека овој пат на свршувачката меѓу славната холивудска двојка навистина ѝ дојде крајот.

Според пишувањето на „Us Weekly“, Лиам Хемсворт ставил крај на врската со Мајли Сајрус.

Магазинот пишува дека иако ја прекинале свршувачката, 23-годишниот актер и три години помладата Мајли и понатаму спијат во заедничкиот дом – секој во посебна соба.

miley_cyrus_liam_hemsworth_rel

„Тие дефинитивно раскинаа. Чудно е што и понатаму спијат под ист покрив“, рекол извор за „Us Weekly“ и додал дека токму Мајли признала дека е крај на нивата врска.

Мајли и Лиам се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот „The Last Song“. Минатата година Лиам ја запроси Мајли и тоа со 3.5 каратен дијамантски прстен дизајниран од Нил Лејн.

M

„Толку сум среќна. Се радувам на среќната иднина со Лиам“, рече тогаш актерката.

- Реклама -