Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе критикуваат за некоја ситница, а во тоа повеќе пати се увери и Бијонсе.
По завршувањето на својата успешна турнеја Mrs.Carter Show, Бијонсе искористи неколку дена одмор со своето семејство во Доминиканската Република. На својот официјален веб-сајт објави голем број на приватни фотографии, а контроверзните ги погодија оние во бикини.
Всушност, на Твитер ја обвинија Queen B дека со Фотошоп ги истенчила нозете, бидејќи имала премногу простор меѓу нејзините нозе.
Бијонсе игра голф во бикини, а поради позата нејзините нозе изгледаат уште потенки. Покрај тоа што нозете се оптичка илузија, Бијонсе спделила и други фотографии на кои лесно може да се види дека познатата пејачка е вистинска убавица.