Што и да направи, нејзината мајка ќе го направи истото.
Таа позираше во бикини, направи топлес фото-сесија, оди на часови за танцување на шипка… Затоа не е ни чудно што ќерката на Крис Џенер се прашува кога конечно ќе почне да се однесува во согласност со нејзината возраст.
Во премиерната епизода од новата сезона на реалното шоу „Keeping up With the Kardashians“, Ким Кардашиан откри дека ѝ смета што мајка ѝ ја копира во сè.
„Мислам дека е забавна и преубава. Но мојата мајка буквално во сè ме копира“, рекла Ким. Се чини дека мајката и ќерката имаат однос во кој се натпреваруваат во сè. „Објавив фотографија во костум за капење, а потоа и мојата мајка го направи истото. Мислам, ма ајде“, рекла Ким.
„За мене годините се само број. Се дружам со девојките и се забавувам“, објаснила Крис.
Но, тоа не е сè. Всушност, Крис ѝ се придружила на својата ќерка и на часовите за играње на шипка. Ким со тој потег не била премногу воодушевена и смета дека би требало да се држи до вежбањето „во стилот на Џејн Фонда“. Девојките ѝ замериле и тоа што ги покажува градите во јавност, а од нивните критики на Крис ѝ паднало тешко.
„Доволно ме исмејувавте. Тоа ме повредува“, рекла на крај Крис.