Седум разлики меѓу селанец и сељак во Македонија

Познато е дека селаните не треба да се лутат, доколку се употреби зборот „сељак“ во негативен контекст, бидејќи се работи за сосема различни типови на луѓе.Впрочем сељаците сигурно нема да бидат срдечно прифатени на село.

Да ја погледнеме разликата меѓу двата концепта:

Локација

Селанец – Човек кој живее на село или во мал град.

Сељак – Живее насекаде, најмногу во средните и големите градови. По селата нема кој да ги трпи.

Работа

Селанец – Заработува за својот леб со чесен труд. Среќен е што има работа. Лојален е кон работодавачот и колегите.

Сељак – Мрзливи гадови. Го мрзи да се труди, не заборава да потенцира дека го знаат секаде и кога сака може да најде работа.

Одговорност

Селанец – Ја сака природата и не фрла отпадоци наоколу. На ѓубрето му наоѓа примена во градината или како храна на животните.

Сељак –  Свиња. Го фрла своето ѓубре низ прозорецот. Го тресе пепелникот низ прозор на семафор. Ако му упатите критика се дере „Еј, ти не знаеш кој сум јас!“

Сметки, казни, даноци

Селанец – Ги плаќа даноците и сметките. Пцуе на ум (и на глас)  по државата, но плаќа.

Сељак  – Никогаш не плаќа ништо. Има 15 неплатени белешки од сообраќајната полиција и даноци од 1989-та. Краде парно од комшија и не плаќа вода.

Разговор

Селанец – Разговора едноставно, но разбирливо. Ако се пресели да живее во голем град, за една година совладува дијалекти.

Сељак – Мрази да го поправат, не сака да научи ништо ново.

Музика

Селанец – Умее да се весели, знае како и кога. Ако е свадба, ќе го слушне цело село, но семејните празници се слават дома.

Сељак – Слуша музика до 4 наутро и воопшто не му е гајле што е на пример вторник и утре сите наоколу се на работа. Другата опција е да отиде во бар и да го замара барменот со разговори од типот „Го знам газдата, биди побрз“.

Дискотека

Селанец – За крај, селанецот оди во дискотека и плаќа карта.

Сељакот – Ги знае сите на врата и повторно плаќа карта.

- Реклама -