Ако сте целосно облечени во облека од ист бренд, може лесно да оставите впечаток на подвижна реклама.
Облеката треба да направи во неа да се чувствувате удобно, убаво, софистицирано и слободно. Но, понекогаш нашиот „модел избор“ може да ни донесе повеќе мака отколку помош. Ова се седумте смртни модни грева кои треба да ги избегнувате по секоја цена.
1. Тенки потпетици и мини здолниште
Веројатно сте се одлучиле за оваа комбинација за визуелно да ги издолжите вашите нозе. Но, тоа е лош избор. Тој ефект подобро ќе го постигнете ако облечете малку пошироки панталони со висок струк или здолниште со кое ќе облечете чевли со ниска платформа.
2. Во еден „дизајнер“ сте од глава од пети
Ако целосно сте облечени во облека од ист бренд, може лесно да оставите впечаток на подвижна реклама. Стилот не се отсликува само ако носите нечие „име“ на себе, туку препорачливо е да си играте со разни парчиња облека.
3. Се облекувате во облека која „едвај ја облекувате“
Сите жени кои се борат со вишокот килограми би сакале да влезат во помал конфексиски број, но ако го правите тоа на сила правите навистина смртен грев. Никој нема да примети дека сте во „помал број“, но сите ќе приметат дека „виси“ на сите страни. Поштедете се од тоа.
4. Кога претерувате со „малку неуредна“ облека
Ако сакате да постигнете лежерен стил и да ги следите модните трендови кои диктираат дека облеката мора да има „шмек“ на носена и малку истрошена (како фармерки или тексас јакни), мора да знаете како да го направите тоа. Ако премногу се опуштите и во својата намера да ѝ дадете на облеката изглед на носеност, тоа може да искочи катастрофално. Дамките од кафе и влакната од коса не им е место на вашата облека.
5. Детали кои можат некого да навредат
Некои детали и карактеристики на облеката може на вас ви делуваат интересни, но, на пример, некоја религија може да ја навредите. Без разлика колку ви се допаѓа тој детал, подобро е да се избегнат тие комбинации во вашиот моден стил.
6. Неудобна облека и обувки
Премногу тесната облека може да биде вистински хорор. Ако сте облекле некој фустан припиен за телото во кој едвај дишете, тогаш сигурно уште еднаш поради тоа ќе зажалите кога ќе се обидете да се качите по скалите. Ако вашата облека и неудобни чевли го „управуваат“ вашиот живот, тогаш сигурно не се вредни за такво страдање.
7. Се преправате во некој што не сте
Дури и ако сакате некои промени да бидат како некој друг, секогаш мора да имате на ум кои сте вие навистина. Некои модни комбинации ќе ви стојат еднакво добро како некоја холивудска ѕвезда, а може дури и подобро, можеби едноставно во тоа нема да се чувствувате добро. Ако не се чувствувате целосно свои во она што го носите на себе, немојте да го носете тоа. Носете го она што ВАС ве отсликува.