Се ѕирка стомак: Дали има бебе на пат?

Американските медиуми не престануваат да шират гласини за бременоста на убавата актерка…
Се чини дека познатиот пејач Џастин Тимберлејк наскоро би можел да стане татко, а доказ за тоа е папарацо фотогарфијата на која се открива стомакот на неговата сопруга Џесика Бил.

„Џесика е бремена најмалку три месеци. Нејзиниот термин е во април“, открива извор за Radar Online.

View image on Twitter

„Кога зборуваме за бременоста, Џесика поминуваше низ тешки времиња во минатото па не е ни чудно што сега сака се да задржи подалеку од јавноста“, рекол друг извор.

Доколку оваа вест се покаже како точна, на Џастин и Џесика ова ќе им биде прво дете. Двојката во октомври ја прослави втората годишнина од бракот, па по тој повод се почестиле со патување во Нов Зеланд, а би било убаво да имаат уште една причина за прославуање…

- Реклама -