И се заканува со тужба: Бритни ми го скрши носот и ме исфрли надвор

Танчерката Даун Ноел изјави дека завршила во болница на снимањето на спотот „Work Bitch”  со Бритни Спирс.

Имено, пејачката додека танцувала ја удрила танчерката по носот и потоа наредила да ја исфрлат надвор. Даун најавува тужба.

– Свесна сум дека Бритни не ме повреди намерно, но можеше барем да испадне фер и да ми ги исплати трошоците во болница, вели танчерката.

Таа додава дека Бритни ја пратила во болница, а не се ни јавила да праша дали е добро.

– Бев отечена од нејзиниот удар и плачев од болки, а таа разгалена дива не ме ни удостои со повик, вели Даун.

Кога слушнала дека пејачката нема намера да и ги плати трошоците, одлучила да ја тужи.

– Таа е „стисната“ милијардерка која не ја засегаат луѓето. Се срушив кога ме погоди со раката, а таа на својата екипа ладнокрвно и нареди да ме изнесат надвор и да продолжи снимањето, опишува танчерката.

- Реклама -