Се заглавил во тунел бегајќи од затвор

Кога и да слушнеме слична затворска приказна, ни паѓа на ум The Shawshank Redemption, само што во конкретново бегство, планот завршува во тунелот.

Имено, еден затвореник се заглавил во тунел додека бегал од затвор во Бразил, додека неговиот пријател успеал да побегне, но подоцна бил уапсен во најблиската шума.

Двајцата бразилски затвореници се обиделе да побегнат од затвор во Рио Гранде де Нортеу, но нивниот потфат завршил неславно.

Мајкон Соуза де Силва се заглавил при самиот излез од тунелот. На полициското видео се гледа како од дупката висат рака и глава на човек, чие што лице е прекриено со земја.

Другиот затвореник, дваесетгодишниот Рафаел де Силва Коста, успеал да се пробие низ тунелот на слободата, но набрзо бил уапсен, недалеку од затворот.

- Реклама -