Сè за љубов!

Британската адвокатка Амал Аламудин ги откажала цигарите, откако почнала да се гледа со „страсниот непушач” Џорџ Клуни.

Новата сопруга на поранешниот најмногу посакуван ерген се откажала од штетниот порок уште на почетокот на нивната врска, што започна пред околу една година.

Пријателите од опкружувањето на 36-годишната Амал Аламудин откриваат дека таа никогаш не била посреќна, како во времето со Клуни, и била подготвена на сè за него, вклучувајќи и тоа да ги откаже цигарите.

Одлуката на адвокатката да води здрав живот без чад од цигари е едвај изненадувачка, бидејќи е познато насекаде дека Џорџ Клуни е „страстен непушач”.

Но, не направила „жртва“ само таа. Во продолжение погледнете едно видео за приватниот живот на Клуни пред Амал.

- Реклама -