Таа ги изненади своите фанови во средата која објави слика од себеси со штотуку фарбана русокоса коса.
Но, излезе дека Ким се пошегувала со нив.
По објавувањето на оваа слика на Твитер под која пишала „It’s baaaaack!!!! #BlondeHairDontCare thanks to @SergeNormant“, таа објави друга слика покажувајќи дека станува збор само за перика.
„Тоа е само перика. Но, изгледа доста реално нели?“, напишала таа под сликата.
Нејзината перика изгледа речиси идентично во стилот и текстурата на нејзината вистинска коса, носена пуштена и права паѓајќи над нејзините рамена.
Таа дури и се прошета низ улиците на Њујорк и даваше автограми на своите фанови со својот „нов“ имиџ. Но, само по неколку часа таа излезе од зграда во Менхетен носејќи ја истата црна чанта но со црна мокра коса.
А ова е Ким во вистинско русокосо издание: