Се сруши нуклеарен бункер во Северна Кореја

Најмалку 200 лица загинале при тестирање на нуклеарно оружје во нуклеарен бункер во Северна Кореја, пренесуваат јапонските медиуми.

Во овој бункер се извршиле пет тестирања претходно, а при последното, на 10 октомври, истиот се срушил при што на самото место загинале околу 100 лица. При обидот за спасување на преживеаните загинале уште околу 100, припадници на спасувачките екипи.

Нуклеарни физичари претходно предупредиле на ризикот за катастрофа. За случајот јавноста дозна цели три седмици по рушењето на овој нуклеарен бункер.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена
- Реклама -