Лоредана Чива (25) веднаш штом наполнила 18 години се соблекла за насловната страна на магазинот Плејбој, а сега горко се кае бидејќи верува дека тоа е причината за нејзината семејна трагедија.
Кога се сликала за машкиот магазин, таткото на Лоредана толку многу се потресо што неколку месеци откако ја видел нејзината слика на насловната страница извршил самоубиство, тврди таа.
Несреќниот човек се обесил во својот дом каде Лоредана го пронашла кога отишла да го посети.
– Сè до моментот кога се соблеков за Плејбој со татко ми имав многу добар однос. Од моментот кога ме видел гола на насловната страна, сè се смени. Се налути и воопшто не сакаше да разговара со мене- рекла Лоредана.
Таа навела и дека нејзиниот татко сакал и остатокот од семејството да ја одвои од неа.
Лоредана вели дека татковата смрт ја прогонува и дека не може да се помири со фактот што таа е причината за неговото одземање на својот живот.
– Никогаш не помислував дека е слаб човек и дека е во состојба да направи нешто такво за нешто толку тривијално- вели таа.
Не оставил порака за зборум. Сите велат дека до последен момет бил весел, и неговата мистерија останува мистерија.
За крај, таа вели дека нејзиниот живот е исполнет со константна болка бидејќи не знае поради што нејзиниот татко извршил самоубиство и дека ѝ е страв дека никогаш нема да открие.