„Сè што купувате, е ѓубре“

На пазарот можете да најдете мноштво интересни (и скапи) патики.

Но, ниту еден пар не може да се споредува со она кое што неодамна го создадоа тројца лондончани.

Учениците по уметност Чарлс Дафи, Вилијам Губинс и Били Тарви успеаа да направат свои уникатни патики. Иако на прв поглед наликуваат на обични шарени чевли,  тие всушност се изработени целосно од ѓубре.

Проектот именуван соодветно „Сè што купувате, е ѓубре“, има за цел да обрне внимание кон консумерите, масовното производство и сè поголемите количини на пластичен отпад. Овие патики се лесен начин да се пренесе една слична порака.

 

„Еднаш штом некој елемент на современото подигнување престане да функционира како што треба, целиот производ често се фрла во  ѓубре. Денес масовно произведените чевли се заменуваат со леснотија. Откако ќе завршите со нив, тие стануваат отпад, кој ќе остане одржлив на планетата најверојатно и откако телото ќе ви се распадне “, опишува Тарви во краткометражниот филм направен во врска со проектот.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Триото решава да направи пар чевли од ѓубре, кои биле исфрлени на плажите и бреговите на реките во Англија. Нивната задача ја реализирале полесно, отколку што претпоставувале. Овие места биле полни со исфрлени шишиња, играчки и други пластични производи.

Погледнете го видео за да дознаете како овие пријатели ги создадоа патиките – отпад.

- Реклама -