Сител бамбини своевремено беше атракција за светот на децата, а главното лице кое ги забавуваше најмладите и родителите секоја недела, беше Бојана Ацева-Андонова.Таа e родена во Скопје каде дипломирала Маркетинг на Економскиот Факултет. Веќе три години активно работи како Аналитичар и Раководител во Кабинетот за привлекување на странски инвестиции.
Претходно била одговорна за регрутација и маркетинг на Универзитетот Питсбург во Скопје, Односи со јавност за проект на Светска Банка, проект менаџер на Македонскиот Културен центар во Њујорк, тренер за проекти со деца и млади на Уницеф, алумни од студентската мрежа АИЕСЕЦ.
Во моментов е во брак со министерот за странски инвестиции Веле Самак.